Петар Печков
Објавено: недела, 21 октомври 2012
Најдоминантната теорија, теоријата за Големиот удар, вели дека месечината се создала од судар во вселената: кога земјата била се уште „пред земја“, едно тело наречено Теја (во грчката митологија именувана според мајката на месечината Селена) се судрила со земјата. Наводниот удар создал толку силна енергија, што ја претворило Теја во пареа и еден голем дел од земјата - и материјата која останала - резултирала со прекрасно, но безживотно тело кое обликувало толку многу нешта во она што значи хумана смисла.
Теоријата за ударот, која прв ја навел Џорџ Дарвин во 1808 година и повторно била претставена во 1974, делумно се совпаѓа, затоа што компјутерската симулација покажува дека големиот судар кој тој го опишува, може да создаде систем земја -месечина со вид на орбитална динамика која денес ја имаме. Но, за сето ова време оваа теорија останала само теорија - логично објаснување, но со малку физички докази кои ќе ја поддржат.
Сепак, денес теоријата отиде еден чекор понапред кон нејзина валидација. Тим на научници на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, открил докази, кои треба да бидат објавени во магазинот Нејчр, дека нашата малечка месечина е навистина резултат на дамнешна галактичка катаклизма. Нивните откритија ги разрешуваат мистериите со кои научниците се занимаваат повеќе од 30 години.
Клучното за овие откритија? Цинкот. Или поточно, потешка варијанта на цинкот, откриена во камењата од месечината. И клучно во тие откритија беа примероците земени од месечината - базалти собрани за време на лунарните мисии со слетувањата на Аполо - како и со месечевиот метеорит. (За да се обезбедат колку што е можна поголема разновидност, тимот анализирал 20 различни видови примероци на камења од месечината донесени со мисиите Аполо 11, 12, 15 и 17, кои биле собрани од различни локации на месечината). Истражувачите, кои се група геохемичари, ги споредиле примероците од месечината со оние од земјата.
Да почнеме со цинкот. Додека месечевите камења со во главно хемиски слични со нивните земјени верзии, тие откриле дека ним релативно им недостасува лесно испарливи елементи, кои се познати како „лесно испарливи“. Катаклизмичниот судар Теја/Земја, стои во теоријата за Големот удар, можно е да создал силна топлина, која пак за возврат можеби создала „интензивен испарувачки момент“ на почетокот на создавањето на месечината. Водата на нејзината површина испарила - а слично на неа цинкот на површината на месечината испарил. Додека се случувала кондензацијата, потешките атоми на цинкот можеби се кондензирале надвор од облакот од испарени камења создадени од сударот, додека полесните атоми на цинкот можеби избегале од целава работа во форма на испарливост.
Она што научниците го пронашле во камењата од месечината, бил феноменот наречен изотописка фракционализација: вид на сортирање на елементите според масата. Покрај нивната сличност со камењата од месечината, на лунарниот базалт му недостасувала испарливи елементи - елементи кои лесно испаруваат. Истражувачите откриле дека месечевите камења биле екстремно сиромашни со содиум, потазиум, зинк и олово - сите тие се вид на умерено лесно испарливи елементи кои можеби испариле во катаклизмата од ваков вид, како што е опишана со теоријата на Големиот судар. Во основа, алтернативните теории за потеклото на месечината не ја објаснуваат оваа фракционализација. Коавторот на студијата, Фредерик Мојние, вели дека изотопската композиција на податоците „обезбедуваат прв физички доказ за севкупното испарување, по откритието за сиромашно присуство на лесно испарливи елементи во камењата од месечината“.
Анализа на камењата од Аполо: соларните ветрови ја создале водата на месечината
Анализирајќи ги примероците од почва кои беа донесени со трите мисии на Аполо на месечината, геофизичарите сфатија дека хидрогенот кој се наоѓа како траги од вода на површината на месечината, најверојатно дошол со соларните ветрови, како наплив на позитивно наелектризиран хидроген од сонцето.
Со децении научниците не најдоа многу хидроген во примероците од месечината, кои беа вратени на земјата, вели Јан Лиу, професор истражувач на Универзитетот во Тенеси и главен автор на студијата за вода на месечината, која беше издадена во неделата во Нејчр геосајанс.
Но во 2008, научниците открија траги од хидроген во месечевата почва, а во 2010 и 2011 следуваа уште отркитија, вели таа. Возбудени поради овие откритија, научниците го преземаа следниот чекор: да се обидат да откријат дали тој хидроген бил содржан во вода, и од каде е можно да дошол.
Токму тука се вклопува експериментот на Лин. Нејзиниот тим ја анализирал хемиската форма на хидрогенот, како и кои изотопи на хидрогенот - тоа се различни верзии на елементот - биле присутни во примероците. Тие открија дека хидрогенот во камењата бил навистина вода. Исто така открија и дека само релативно мала количина на хидроген во водата бил од потежок вид, познат како деутериум.
Водата од кометите и водата на земјата имаат релативно повисока количина на деутериум. Соларните ветрови, кои се составени од позитивно наелектризирани јони на хидроген, имаат недостаток од деутериум, заради потешкиот изотоп кој е конзумиран од фузијата во внатрешноста на сонцето.
Постојаното бомбардирање од сончеви ветрови, во повеќе од 4 милијарди години, можно е да оставиле доволно хидроген на површината на месечината, за да се всади водата кои научниците ја забележаа.
Нашите резултати покажаа дека поголемот дел од хидрогенот во оваа месечева почва, доаѓа од хидрогенот во сончевите ветрови“, рече Лин.
Можно е хидроген од сончевите ветрови да се наоѓа и на астериоидите, на планетата Меркус, и во други тела во сончевиот систем, додаде таа. Можеби не се наталожува толку лесно како на земјата, заради атмосферата на планетата и заради магнетните полиња кои ја заштитуваат.
Текстовите се преземени од Лос Анџелес тајмс - Лос Анџелес и од Атлантик - Вашингтон
Tweet |